Прва женска фудбалска лигаФудбал

Лидерот Тиверија Брера пресилен за Атлетико, нов пораз за Ас Јунајтед, Димитровска со два гола!

Сподели
ФОТО: ЖФК Тиверија Брера
Сподели

Лидерот во Првата женска фудбалска лига Тиверија Брера запиша нова висока победа од 4:0 над Атлетико од Битола во меч кој се одигра во Струмица.

Победа која беше најавена уште во првиот дел од мечот, откако Гоја, Терзиски и Панеска постигнаа погодоци за 3:0, а во вториот дел Бошеска стрелаше прецизно за конечни 4:0.

Ас Јунајтед продолжува со лошите резултати откако запиша нов пораз, овој пат од СКопје со 0:3. Дервиши постигна гол за 0:1 на полувреме, а во вториот дел Наумоска и Фида беа прецизни за 0:3.

Каменица Саса на крилата на Ана Димитровска го доби мечот против Истатов во Скопје, откако искусната голгетерка на тимот од Македонска Каменица погоди во 32. минута и 86. минута.

Топ Гол на домашен терен дојде до превисока победа во меч на тотална доминација против Речица со 6:0. Бумбаровска беше двоен стрелец за битолскиот тим, а по едне гол постигнаа Стевановска, Илиевска, Каралиоска и Талевска.

Во рамки на 12. коло слободна беше екипата на Љуботен.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:

 

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД 11 10 1 0 62 4 +58 31
2 ЖФК ЉУБОТЕН 10 9 1 0 36 5 +31 28
3 ЖФК КАМЕНИЦА САСА 11 9 0 2 38 8 +30 27
4 ЖФК СКОПЈЕ 2014 11 7 0 4 24 14 +10 21
5 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје 10 3 1 6 11 29 -18 10
6 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК 10 2 2 6 10 21 -11 8
7 ФК АТЛЕТИКО/ЖФК 11 2 1 8 11 28 -17 7
8 ФК АСС УНИТЕД/ЖФК 11 2 0 9 18 32 -14 6
9 ЖФК РЕЧИЦА 11 1 0 10 4 73 -69 3
10 ЖФК ШКЕНДИЈА Тетово (-3) 0 0 0 0 0 0 -3 -3

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!