Ракомет

Митревски блескаше, Пелистер до херојски бод во Данска!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер освои бод на тешкото гостување кај ГОГ Гудме, ремизирајќи 28-28 во 12. коло од Лигата на шампионите. Со овој резултат битолчани остануваат во игра за осминафинале, иако шансите се сведени на теорија.

Пелистер сега има пет бода и е седмопласиран, додека данскиот тим е на девет. Во пресметката за следната фаза е и ПСЖ со осум бода, па разврската ќе зависи од резултатите во наредните две кола.

Натпреварот не почна добро за македонскиот претставник. Домаќините отворија со 4-1, а разликата порасна и на плус четири (9-5). Никола Митревски со неколку клучни интервенции спречи уште поголема негатива, но на пауза се замина со 15-11 за ГОГ.

Во вториот дел Пелистер заигра поофанзивно и полесно доаѓаше до погодоци. Пешевски намали на 23-21, а драмата кулминираше во последните десет минути. По неколку пропуштени напади на двете страни, следуваше израмнување на 24-24, а потоа и целосен пресврт со гол за 25-24 во корист на битолчани.

Сепак, данскиот тим возврати преку Лике и повторно поведе. Во финишот Граховац донесе ново реми (28-28), по што домаќините имаа последен напад. По ВАР проверка беше досуден само удар од девет метри, кој заврши во блокот – за конечна поделба на бодовите.

Митревски мечот го заврши со 13 одбрани, Видомски беше најефикасен со седум гола, а по шест додадоа Граховац и Кузмановски. Кај ГОГ, Митун постигна седум погодоци.

Следниот предизвик за Пелистер е домашниот дуел против ПСЖ на 4 март – меч што може да ја одреди целата европска судбина на битолчани.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Џатевска останува во Унгарија: Македонската репрезентативка ја продолжи соработката со Сомбатхељи

Македонската ракометарка Ивана Џатевска ќе продолжи да настапува во унгарскиот шампионат, откако официјално го продолжи договорот со Сомбатхељи за сезоната 2026/27. 22-годишната пикерка...

Втора лигаФудбал

Охрид го доживеа првиот сезонски пораз: „Рибарите“ немоќни против Марибор

Екипата на Охрид го доживеат првиот сезонски пораз откако во рамки на 5. коло на ЕРС (eFootball Pro Champions) загуби од тимот на...

Поврзани написи
Ракомет

Џатевска останува во Унгарија: Македонската репрезентативка ја продолжи соработката со Сомбатхељи

Македонската ракометарка Ивана Џатевска ќе продолжи да настапува во унгарскиот шампионат, откако...

Ракомет

Неверојатен пресврт во Автокоманда: Пелистер од -8 до триумф над Алкалоид!

Еурофарм Пелистер одигра меч за паметење и со фантастичен кам-бек славеше на...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Алкалоид – Еурофарм Пелистер

Дерби натпревар за второто место во Супер лигата – кој ќе ја...

Ракомет

ЕХФ пресече: Двегодишна суспензија и казна за Начевски и Николов

Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе конечна одлука во случајот со македонските судии...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!