Останато

Шампионот Струмица слави во големото одбојкарско дерби против Штип УГД, високи победи за Работнички и Борец!

Сподели
ФОТО: Одбојкарска федерација на Македонија
Сподели

Петтата рунда од Првата одбојкарска лига во машка конкуренција го донесе големото дерби меѓу освојувачот на Купот на Македонија, Штип УГД и актуелниот шампион Струмица, каде со 1:3 во сетови Струмица беше подобра, во натпревар кој се одигра во Штип.

Првиот сет во „Јордан Мијалков“ го доби Струмица со 17:25, а пак во вториот сет штипјани беа подобри со тесни 25:23. Во третиот сет Струмица доминираше на теренот и сетот го освои со 12:25, а пак во четвриот сет се обид Штип УГД да пружи отпор, но немаше сили, Струмица го доби и тој сет со 20:25.

Штипските одбојкари го впишаа првиот сезонски пораз и сега се на третото место со 12 бодови на своето конто, а пак Струмица е втора со 12 бодови, но има и натпревар помалку во однос Борец кој со четири победи и еден пораз и 14 бодови е прв.

Сушево пружи силен отпор за втор сезонски бод откако одигра 2:3 по сетови со екипата на Шкендија, додека пак Весна Пробиштип на домашен терен со 3:1 во сетови славеше победа над Јанта Волеј.

Борец со 3:0 прокнижи лесна четврта сезонска победа, а високи гостински победи запишаа и Работнички со 0:3 над Скопје и Универзитет Тетово со 0:3 против Македонија Џио.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Ракомет

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!