Втора лигаФудбал

Стојков: Самодовербата во Брегалница е на повисоко ниво, сакамe три бода против Арсими!

Сподели
Сподели

Брегалница во претходното коло го запиша првиот сезонски пораз, откако со високи 3:0 загуби во дербито на колото од Македонија ЃП, која стана лидер на табелата.

Фудбалерот на Брегалница, Давид Стојков, вели дека после поразот од „лавовите“ самодовербата е на уште повисоко ниво и дека атакуваат на три бода против Арсими.

„Напротив, самодовербата е на уште повисоко ниво. Хемијата меѓу играчите е одлична, со ладни глави и максимален фокус продолжуваме понатаму. Публиката може да очекува интересен натпревар помеѓу два квалитетни тима. Ние, како и на секој натпревар, одиме на победа и три бода. Секако дека можеме да завршиме на првото место. Брегалница е квалитетна екипа, ќе го дадеме максимумот на претстојните 4 кола да бидеме на местото кое ни доликува“, рече Стојков.

Ова е дерби меѓу третопласираната Брегалница и четвртопласираниот Арсими, трите бодови се силен императив и на двете страни.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!