Ракомет

Алкалоид ја продолжува стратегијата со македонски сили – капитенот Ѓорѓиев останува во Автокоманда

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

РК Алкалоид и официјално потврди дека капитенот Игор Ѓорѓиев ќе продолжи да го носи синиот дрес и во наредниот период, со што клубот останува доследен на својата стратегија за градење конкурентен тим со македонски ракометари.

Дваесет и петгодишниот среден бек, кој е и актуелен репрезентативец на Македонија, одлучи да ја продолжи лојалноста кон Алкалоид, чиј член е од 2021 година. Во изминатите сезони Ѓорѓиев израсна во вистински лидер на теренот и надвор од него, а капитенската лента е само потврда за неговата улога во тимот.

Со новиот договор, раководството испраќа јасна порака дека континуитетот и довербата во домашниот кадар остануваат приоритет. Задржувањето на еден од носителите на играта е значаен чекор во амбициите на клубот за стабилен раст и дополнителен напредок на домашната и европската сцена.



Алкалоид и во наредниот период ќе ја темели својата визија на развој на македонски играчи, а продолжувањето на соработката со капитенот Ѓорѓиев е уште една потврда за таа определба.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар на чекор до големо засилување: Фадуил на мета на „црвено-црните“

Македонскиот ракометен гигант Вардар сериозно работи на засилувањата за следната сезона, а...

Ракомет

Вардар сигурно до финале во Купот – „црвено-црните“ ќе се борат за нов трофеј против Алкалоид

Ракометарите на Вардар повторно ќе играат во финалето на Купот на Македонија,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!