Втора лигаФудбал

Дербито на Истокот за Детонит, Брегалница се спаси, Новаци до три бода!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Во рамки на 12. коло од Втората лига во Радовиш се одигра Источното дерби меѓу Детонит Плачковица и Беласица, меч каде и радовишани и струмичани имаа силен императив за трите бодови. Како што веќе направи комлетна анализа Спортска Мрежа за Беласица која промовира млади играчи, настапува со фудбалери кои покажаа и докажаа дека може да се носат со второлигашките предизвици и практично Беласица помина многу екипи на второлигашката табела, меѓу кои и Детонит Плачковица, па токму затоа денес во дербито на Истокот, Беласица имаше силен мотив, но радовишани беа подобри со 2:1. Настевски даде гол за 50 секунди, а Јово погоди за 1:1.

Поп Антоски постига гол за конечни 2:1.

Брегалница по поразот од Македонија ЃП во дербито на претходното коло го загуби првото место, го впиша и првиот сезонски пораз и се спушти до третото место, а денес во Штип пред „сините“ на Трајче Сенев беше ново дерби, во кое се соочија со Арсими кој е на четвртото место. На Градски во Штип сините со 2:1 славеа над Арсими со пресврт. Шефити погоди за 0:1, а во финишот Даноски и Калпачки погоди за 2:1.

Осогово со пет порази во низа влезе во длабока резултатска криза, а токму денес против прилепска Победа бараше излез од резултатската криза. Прилепчани со три победи беа во ситуација каде имаа помал притисок за триумф, во однос на „жетварите“ кои мораа до триумф, на стадионот „Никола Мантов“ Осогово славеше со 4:1 преку пресврт. Ѓурчиновски ја донесе Победа во водство, а потоа Симоски, Љиворека и Паунов со два гола обезбедија 4:1.

Соочување од средишниот дел на табелата за прогрес на истата имаше во Неготино на „Цвај арената“ каде Вардар Неготино ја пречека Каменица Саса во натпревар каде тимот на Горан Тодорчев бараше четврта сезонска победа, а со тоа и прогрес и зацврстување во средината, во однос на „рударите“ од Македонска Каменица кој во Неготино ја бараат петтата радост. На „Цвај арената“ исходот беше 0:1 за Саса со голот на Симевски.

Разнишаниот Борец кој остана без тренер на домашен терен имаше тежок натпревар против лидерот и апсолутен фаворит Македонија ЃП, очекувана победа за „лавовите“, кои со двата гола на Христов славеа со 0:2.

Скопје сака триумф за излез од резултатската криза, а пак Башкими за Прва лига, денес овие две екипи се соочија во Авткоманда на „Железарница“ исходот беше 2:1 за “пиратите”. Коцев си даде автогол, а потоа Шуку и Жоглев постигнаа голови за 2:1.

„Фенерџијата“ Вардарски никако да победи како второлигаш, после 27 години се врати во Втората лига, но тимот од Богданци и натаму нема триумф, денес против Новаци бараше прво сезонско славје, а на Градскиот стадион во Богданци резултатот беше 0:2 за Новаци преку Шабани и Јовановски од пенал.

Охрид во страшна победничка форма денес гостуваше во Гевгелија каде се соочи со тимот на Кожуф, кој пак бараше победа за враќање на победничките патеки, но денес немаше голови 0:0 и победник.

                • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА:

              Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
              1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 12 9 2 1 21 5 +16 29
              2 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 12 8 3 1 19 9 +10 27
              3 АД ФК Башкими 1947 Куманово 12 8 2 2 20 8 +12 26
              4 ФК АРЕСИМИ-1973 12 7 2 3 21 13 +8 23
              5 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 12 6 3 3 16 11 +5 21
              6 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 12 4 6 2 16 12 +4 18
              7 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 12 4 6 2 14 11 +3 18
              8 ФК КАМЕНИЦА САСА 12 5 3 4 18 15 +3 18
              9 ФК БЕЛАСИЦА АД 12 3 7 2 14 13 +1 16
              10 ЗФК НОВАЦИ 2005 12 4 2 6 12 13 -1 14
              11 ФК СКОПЈЕ АД 12 2 7 3 11 13 -2 13
              12 ФК ПОБЕДА АД 12 4 1 7 20 23 -3 13
              13 ГФК ВАРДАР Неготино 12 3 2 7 14 18 -4 11
              14 ГФК ОСОГОВО 12 2 2 8 12 24 -12 8
              15 ФК БОРЕЦ 1919 АД 12 1 2 9 6 23 -17 5
              16 ФК ВАРДАРСКИ 12 0 2 10 8 31 -23 2

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. септември 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО: Детонит Плачковица загуби од Вихрен во Сандански, но одигра одличен меч каде беа постигнати пет гола!

Второлигашот Детонит Плачовица од Радовиш денес одигра пријателски натпревар против Вихрен во Сандански, Бугарија, истиот го загуби со 3:2 од бугарскиот тим, но...

Прва лигаФудбал

Прволигашки пријателски меч: Беса подобра од Пелистер со два гола!

Денес на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид се одигра пријателски меч на прволигашите Пелистер и Беса од Добри Дол, меч кој заврши со...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО: Детонит Плачковица загуби од Вихрен во Сандански, но одигра одличен меч каде беа постигнати пет гола!

Второлигашот Детонит Плачовица од Радовиш денес одигра пријателски натпревар против Вихрен во...

Прва лигаФудбал

Прволигашки пријателски меч: Беса подобра од Пелистер со два гола!

Денес на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид се одигра пријателски меч на...

ФудбалФутсал

ФОТО: Каршиака со 15 гола славеше над Карадаку, големи победи за Енхалон и Кораби

Вчера беа одиграни уште четири натпревари за вкупно пет од 10. коло...