Кошарка

„Соколите“ амбициозно „летаат“ кон Суперлигата – Даниел Нацевски нов адут во Штип

Сподели
ФОТО: КК Соколи
Сподели

Штипските „соколи“ сериозно го засилуваат ростерот во клучниот дел од сезоната. Во борбата за пласман во Суперлигата, редовите на КК Соколи ги засили Даниел Нацевски, кој пристигнува од составот на суперлигашот Маџари.

Станува збор за кошаркар висок 195 сантиметри, кој покрива бековски позиции, односно може да одговори на улогите „два“ и „три“. Од клубот истакнуваат дека Нацевски се одликува со сигурен шут од дистанца, добра атлетичност и цврста скок-игра, квалитети кои треба да донесат дополнителна широчина и разновидност во нападот на штипскиот тим.

Засилувањето доаѓа во момент кога Соколи веќе го започнаа плеј-офот во Првата лига со убедлива победа на гостувањето кај КК Охрид (55-75), со што најавија дека сериозно атакуваат на место во елитата.

Во следното коло штипјани ги очекува дерби-пресметка против КК Мега Баскет на домашен терен, натпревар на кој се очекува и дебито на Нацевски во новиот дрес.



Борбата за врвот е исклучително неизвесна. Дури шест екипи – Струмица, Соколи, Бутел, Мега Баскет, Вардар и Борец – имаат по 11 бодови, додека Водно Санс и Охрид се со по девет, што најавува драматична завршница во трката за Суперлигата.

Со новата аквизиција, Соколи јасно испраќаат порака дека немаат намера да се задоволат со споредна улога, туку дека максимално ќе атакуваат на влез меѓу најдобрите.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Џатевска останува во Унгарија: Македонската репрезентативка ја продолжи соработката со Сомбатхељи

Македонската ракометарка Ивана Џатевска ќе продолжи да настапува во унгарскиот шампионат, откако официјално го продолжи договорот со Сомбатхељи за сезоната 2026/27. 22-годишната пикерка...

Втора лигаФудбал

Охрид го доживеа првиот сезонски пораз: „Рибарите“ немоќни против Марибор

Екипата на Охрид го доживеат првиот сезонски пораз откако во рамки на 5. коло на ЕРС (eFootball Pro Champions) загуби од тимот на...

Поврзани написи
Кошарка

Работнички чекор поблиску до опстанокот, Пелистер сигурен на трето место – МЗТ и ТФТ со победнички старт во ТОП 6

Возбудувањата во „МТЕЛ“ Супер лигата донесоа интересни пресметки и во Плеј-аутот и...

Кошарка

Ѓуроски херој на Куманово – драматична победа над Гостивар во последните секунди

МКК Куманово со многу мака стигна до важни бодови во Плеј-аут фазата,...

Кошарка

Чаир 2030 сигурно против Ангели: Убедлив триумф за сигурен старт во плеј-аутот

Екипата на Чаир 2030 на убедлив начин го отвори плеј-аут сегментот во...

Кошарка

Битка за плеј-оф: стартува ТОП 6, четири места – шест претенденти!

Започнува највозбудливиот дел од сезоната во МТЕЛ Супер лига, каде во наредните...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!