Младински фудбалФудбал

Иса Цанески со два погодоци за голема победа на Шкендија над Шкупи во кадетската Супер лига!

Сподели
ФОТО: Ilhan Osmani
Сподели

Во рамки на 8. коло од кадетската Супер лига дербито се играше во Тетово каде екипата на Шкендија со 4:1 го декласираше Шкупи, а играч на натпреварот беше Иса Цанески кој постигна два погодоци.

Шкендија токму преку Цанески го отвори резултатот по дваесет минути игра, а потоа во 37. минута Анди Исмаили постигна гол за 1:1 на полувреме. Во вториот дел Цанески со втор гол во 61. минута обезбеди нова предност за Шкендија од 2:1, а по осум минути игра Лука Гавроски постигна гол за 3:1.

Во самиот финиш на натпреварот Албион Јашари ја стресе мрежата на Шкупи за конечни 4:1.

Одличен натпревар на младиот и талентиран Цанески, кој потекнува од Прилеп, а веќе две години го носи дресот на тетовска Шкендија.

Во досегашниот тек од сезоната во кадетската Супер лига 17-годишниот Цанески има постигнато три погодоци.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!