Трета лигаФудбал

Започна изградбата на новата трибина на стадионот во Кичево

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, заедно со потпретседателот Лазар Ракиџиев, во соработка со Општина Кичево и градоначалникот Фатмир Деари, официјално го означи почетокот на изградбата на новата трибина на стадионот на ФК Влазерими во Кичево.

ФОТО: ФФМ

Проектот предвидува модерна трибина на стадионот со капацитет од околу 1.500 седишта, која ќе ги задоволи меѓународните стандарди и ќе овозможи простори под трибината, како што се соблекувални, канцеларии за службени лица и други потребни простории. Заедно со веќе изграденото помошно игралиште со вештачка трева, оваа инвестиција ќе ја претвори оваа област во вистински фудбалски комплекс кој ќе придонесе за развојот на спортот во регионот.

ФОТО: ФФМ

Инвестицијата, со вкупна вредност од околу 1,3 милиони евра, е обезбедена преку програмите на УЕФА „Хет-трик“.
Претседателот Сејдини се заблагодари на градоначалникот Деари и општинската администрација за поддршката и навременото подготвување на документацијата, што значително придонесе за започнување на реализацијата на овој значаен проект.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!