ФудбалФутсал

Убедлива лото победа за Јувентус Серава – нов дебакл за Кеги Моби!

Сподели
ФОТО: KMF Juventus Serava
Сподели

Вечерва со убедливата победа на Јувентус Серава од 7:2 над Кеби Моби од Велес беше отворено 5. коло од Првата футсал лига на Македонија.

Во доминантен меч екипата на Јувентус Серава стигна првото сезонско славје и на своето конто додава три бодови за вкупно четири, со што барем додека да се комплетира колото Јувентус Серава ќе биде на 6. место, а пак Кеги Моби е претпоследен со еден бод.

Марио Атанасовски во 3. минута постигна гол за водство на велешкиот тим од 0:1, а потоа домашниот тим ја „искина“ мрежата на Кеги Моби, откако Фуркан Шабани со два гола направи пресврт за 2:1 по девет минути игра, Исмаил Абдулоски и Армандо Алијевиќ погодија за 4:1 на полувреме.

Во вториот дел Гезим Бакиевски погоди за „петарда“ од 5:1, а пак Шабани со втор гол зголеми на 6:1. Атанасовски со втор гол намали на 6:2, а потоа Јусуф Јакуповски ги постави конечните 7:2.

После овој голем пораз велешкиот тим има одбрана со најмногу примени погодоци со вкупно 39 гола.

Како што веќе најави Спортска Мрежа колото ќе се комплетира со два натпревари в недела и два натпревар во понеделник.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја отвори новата сезона во Трета лига Регион 5, со што стартуваше...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!