Втора лигаТрета лигаФудбал

Второлигашот Осогово со успешна „генералка“ во Валандово против Победа

Сподели
ФОТО: ГФК Осогово
Сподели

Второлигашот Осогово забележа победа на „генералката“ против третолигашот Победа во Валандово со резултат од 1:2. Ова беше последен тест за тимот на Крсте Крстев и последна можност да се провери формата бидејќи веќе следниот викенд започнува пролетната полусезона во Втората лига.

Осогово резултатот го отвори преку Стојанчо Велинов за водство од 0:1, гол по асистенција на Христијан Поп-Антоски, со овој резултат се замина на полувреме.

Во вториот дел Победа успеа да го израмни резултатот на 1:1 преку Елдан Шата, но по пет минути игра „жетварите“ го вратија водството на 1:2 преку гол на Филип Јованов, а тоа воедно и беше конечен резултат за славје на второлигашот од Кочани.



Осогово пролетната полусезона ја отвара следната сабота (21 февруари) на домашен терен против Каменица Саса на домашен терен.

Победа ќе има се уште време за подготовки, бидејќи стартот на пролетниот дел во Трета лига – Исток започнува на 8 март, а до тогаш „калинкарите“ ќе ја проверат формата со уште неколку пријателски натпревари. Целта на Победа од Валандово е влез во Втора лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!