Ракомет

,,Поддршката од трибините ни е потребна“ – Тасески со повик за полна сала против Дукла Прага

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид викендов ги започнува европските предизвици со дуелот против Дукла Прага во рамки на осминафиналето од ЕХФ Купот.

„Билјанини Извори“ повторно ќе биде сцена на ракометен спектакл, а охриѓани со големи амбиции го очекуваат првиот чекор во двомечот против чешкиот ривал. По позитивната атмосфера и добрите резултати во домашниот шампионат, тимот е подготвен за нов тест на европска сцена.

Еден од најборбените во редовите на Охрид, пикерот Иван Тасески, кој дава огромен придонес на линијата од шест метри и е вистински столб во одбраната, го најави мечот со Дукла Прага за Спортска Мрежа.

Тој истакна дека екипата е свесна за квалитетот на противникот, но верува во победа пред домашната публика.

„ Викендов ги започнуваме европските натпревари, ни доаѓа екипата на Дукла Прага, која игра доста добар и брз ракомет. Ние ќе го дадеме максимумот за да извојуваме победа. Ги повикувам љубителите на ракометот и навивачката група ,,Рибари”да дојдат во што поголем број, да ни дадат поддршка за да извојуваме победа.“ – изјави Тасески за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Токму цврстината во одбраната и борбеноста на линијата од шест метри, ќе бидат фактори кои ќе имаат клучна улога на утрешниот натпревар. Поддршката од трибините може да биде дополнителната сила што ќе му помогне на Охрид да направи значаен исчекор кон четвртфиналето и да продолжи да ја пишува својата успешна европска приказна.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

АП Брера загуби од Тетекс на контролен меч

Ланскиот прволигаш АП Брера беше поразена на контролниот натпревар до тимот на Тетекс со резултат од 0:2. „Штофарите“ од Тетово беа подобри на...

Турнири

Пеколно четвртфинале на „Ораовица 2026“: Кои екипи ќе обезбедат полуфинале, а кои ќе „пакуваат куфери“ за дома?

Вечерва се играат натпреварите од четвртфиналето на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“ во радовишкото село Ораовица. Четири дерби пресметки, победата е императив...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Погледнете како изгледа реновираната сала „Млаз“ во Богданци

Спортската сала „Млаз“ во Богданци по влезот на Младост во Супер лигата...

Ракомет

ФОТО: Горан Андоновски прозиваше – суперлигашот Младост од Богданци ги започна подготовките

На првиот собир се појавија сите ракометари на кој охридскиот стратег ќе...

Ракомет

Искусната голгетерка Марија Анчева се раздели со Астибо – почнува битката за нејзиниот потпис

Една од најдобрите македонски ракометарки и најдобар стрелец во историјата на женскиот...

ИнтервјуРакомет

ИНТЕРВЈУ| Ројевиќ: „Ќе продолжиме да го даваме својот максимум за овој клуб и за овој град“

Историската сезона во која ГРК Охрид го освои ЕХФ Европскиот куп останува...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!