На популарната „Цвај арена“ ќе се одигра „генералката“ меѓу второлигашите Вардар Неготино и Брегалница, како последен тест за двете екипи пред почетокот на пролетната полусезона закажан за 21 февруари.
„Сините“ на Влатко Костов целат кон влез во Прва лига, а ќе имаат можност за последна проверка против тимот од Неготино кој ќе се бори за опстанок во Втората лига.
Натпреварот е закажан да се одигра во сабота во Неготино.