КупФудбалФутсал

Стартуваат осминафиналните пресметки во футсал Купот на Македонија

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели

Овој викенд ќе биде резервиран за футсал Купот на Македонија, се играат на натпреварите од осминафиналето.

Веќе денес на програмата е натпреварот меѓу второлигашот Кратово и прволигашот Проект, во меч каде гостинот од Јосифово е повеќе од апсолутен фаворит за следна фаза.

Натпреварот се игра во Кратово со почеток од 19 часот.

Во сабота на програмата ќе бидат повеќе натпревари. Бранителот на Куп титулата Форца ќе се соочи со Фудбал Старс од Кочани, стартот е од 18:30 часот, а се игра во Куманово.

Шкупи на домашен терен ќе игра против фаворитот Кеги Моби со почеток од 17:30 часот, а пак Јувентус Серава ќе го пречека Мал Ајакс од Штип, мечот се игра во Скопје со почеток од 19:30 часот.


Во недела на програмата ќе бидат два натпревари. Балкан ќе игра против Каршиака со почеток од 18 часот, а пак Бутел ќе игра против второлигашот ССК од 20 часот. Во Кавадарци ќе се игра градското дербито меѓу Црна Река и Клими со почеток од 13 часот.

Еден меч на програмата ќе биде во понеделник, истиот се игра во Крива Паланка каде ќе се соочат Осогово и Железарец со почеток од 19 часот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Три победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново, која денеска ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија против...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Три победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново,...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје: Ние сме подготвени и размислуваме само за победа

Скопје освои само три бода во првите шест кола од Првата фудбалска...

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!