Трета лигаФудбал

Мега-дербито во Делчево го доби Јанев, Костовски ќе го суди дербито на колото во Виница!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

В недела се играат натпреварите од последното есенско коло во Трета лига – Исток, со што ќе заврши есенската полусезона, па екипите од овој регион по девет кола заминуваат на зимска пауза.

Александар Ананиев ќе им суди на Тиверија и Хоризонт Турново на стадионот „Кукуш“ во Турново, локално струмичко дерби, Иван Јанев ќе го суди пијанечко-малешевкото дерби меѓу Брегалница Делчево и Малеш од Берово во Делчево.

Здравко Костовски го доби дербито на колото меѓу лидеро Слога Виница и второпласираниот Овче Поле, Блаже Петровски го доби локалното дерби меѓу Светлост и Карбинци во Зрновци, а пак Тоше Џамов ќе го суди регионалното дерби на Југот меѓу Ударник и Дојранско Езеро во Пирава.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 9. КОЛО ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК:

Тиверија – Хоризонт Турново, Александар Ананиев (Кочани)
Брегалница Делчево – Малеш, Иван Јанев (Штип)
Слога Виница – Овче Поле, Здравко Костовски (Штип)
Светлост Зрновци – Карбинци, Блаже Петровски (Миравци)
Ударник – Дојранско Езеро, Тоше Џамов (Кочани)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!