ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Иван Николов „експлодираше“ во Купот – хет-трик на првиот старт за Радник Бијелина!

Сподели
ФОТО: FK Radnik SoccerBet Bijeljina
Сподели

Македонскиот интернационалец Иван Николов имаше вечер од соништата во Купот на Босна и Херцеговина, откако на својот прв натпревар како стартер за Радник Бијелина постигна три погодоци во убедливата победа од 5-1 над Крушево.

Откако неколку дена претходно дебитираше како резерва против Сараево, македонскиот играч за врска овојпат ја доби шансата од првата минута – и максимално ја искористи.

Николов првпат се запиша во листата на стрелците во 35. минута, кога одлично реагираше по одбиена топка од стативата и ја испрати во мрежата за водство од 1-0. На почетокот на второто полувреме повторно беше во центарот на вниманието – прими топка на работ од шеснаесетникот и со прецизен удар ја зголеми предноста на својот тим.

Точката на одличниот настап ја стави во судиското продолжение, кога по една брза акција само ја „поттурна“ топката во голот, демонстрирајќи одлично чувство за простор и движење во шеснаесетникот.


Николов во Радник пристигна на крајот од јануарскиот преоден рок од данскиот Сондерјиске, а претходно во Данска настапуваше и за Вендсисел. Пред интернационалниот ангажман беше дел од македонските прволигаши Брегалница, Вардар и Брера, каде изгради сериозно име на домашната сцена.

Со ваков настап уште на стартот од својата авантура во БиХ, Николов испрати силна порака дека ќе биде еден од клучните адути на Радник во продолжението од сезоната.


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!