Ракомет

Нов европски предизвик за Митревски и Тодоровски – назначени за дербито во Сегед!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Европската ракометна федерација повторно им укажа доверба на македонските арбитри Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, кои ќе бидат дел од еден од најпривлечните натпревари во Лигата на шампионите. Нашата судиска двојка е назначена да ја дели правдата на дуелот меѓу ПИК Сегед и Барселона во рамките на Б групата.

Натпреварот ќе се одигра на 18 февруари во Унгарија, како дел од 11. коло во елитното натпреварување. Во пресрет на ова соочување, Сегед се наоѓа на четвртата позиција на табелата, додека каталонскиот гигант Барселона е второпласиран.

По успешниот настап на нивното прво сениорско Европско првенство, Митревски и Тодоровски продолжуваат со настапи на највисоката клупска сцена. Тие веќе неколку години се дел од елитната група судии на ЕХФ и редовно судат средби од Лигата на шампионите, Европската лига, како и од големите репрезентативни турнири.

Ова ново делегирање претставува дополнителна потврда за нивниот квалитет и за континуираното присуство на македонските судии во врвот на европскиот ракомет.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар на чекор до големо засилување: Фадуил на мета на „црвено-црните“

Македонскиот ракометен гигант Вардар сериозно работи на засилувањата за следната сезона, а...

Ракомет

Вардар сигурно до финале во Купот – „црвено-црните“ ќе се борат за нов трофеј против Алкалоид

Ракометарите на Вардар повторно ќе играат во финалето на Купот на Македонија,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!