Прва лигаФудбал

Арсими го засили средниот ред со Шпанец школуван во Реал Сосиедад

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Екипата на Арсими продолжува со кадровско засилување пред пролетниот дел од сезоната, откако во своите редови го доведе шпанскиот фудбалер Маркел Гони Ибаргурен.

Станува збор за 24-годишен играч од средниот ред, кој во младинските категории бил дел од школата на Реал Сосиедад и настапувал за Ц-тимот на баскискиот клуб. Ибаргурен зад себе има солидно интернационално искуство, а последните неколку сезони ги мина во кипарскиот фудбал, каде ги носеше дресовите на АПОП Полис и Ахиронас.

Кариерата во Шпанија, покрај Реал Сосиедад, ја градеше и во клубовите Раио Кантабрја, Аренас Клуб и Замора, што дополнително говори за неговото искуство на различни нивоа во шпанскиот фудбал.

Ибаргурен во Арсими пристигнува како слободен играч и со клубот од Чегране потпиша договор на една и пол година. Од таборот на „жолто-црните“ изразија задоволство од новото засилување, посакувајќи му добро здравје и многу успех во дресот на Арсими.


Со ангажманот на шпанскиот играч, Арсими јасно става до знаење дека амбициозно влегува во продолжението од сезоната и сака дополнително да го зацврсти средниот ред во борбата за остварување на зацртаните цели.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!