Прва лигаФудбал

Вилдан Салиу: Арсими е подготвен за пролетниот дел, цела е опстанок!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Дебитантот во Првата лига, екипата на Арсими максимално подготвена и силно мотивирана влегува во пролетниот дел од шампионатот. Зад тимот од Чегране се успешни подготовки реализирани во Хрватска, а сега се става фокус на реализација на зацртаните цели.

Како што вели тренерот на Арсими, Вилдан Салиу за ФФМ, подготовките биле успешни, истакнувајќи го ангажманот, дисциплината и сериозноста на фудбалерите во текот на зимските подготовки.

“Подготвителната фаза беше многу важна за нас и сум задоволен од начинот на кој тимот работеше. Подготовките во Хрватска, во Медулин, ни овозможија одлични услови за работа, квалитетни контролни натпревари и значително подобрување на физичката, тактичката и менталната подготвеност на екипата”, изјави Салиу.

Како што истакнува предводникот на Арсими, новите засилување брзо се вклопиле во тимот и покажале голем потенцијал.

“Новите засилувања брзо се вклопија во тимот и покажаа голем потенцијал. Очекуваме тие да имаат значајна улога во продолжението од сезоната, зголемувајќи ја конкуренцијата и стабилноста во сите линии на екипата”, потенцира тренерот на Арсими.


Главната цел на тимот е опстанокот во елитата, а Салиу истакнува дека се убедените дека ќе ја остварат оваа цел.

“Очекуваме стабилни настапи, тактичка дисциплина, максимална посветеност и континуиран напредок. Тимот мора да покаже карактер, единство и одговорност во клучните моменти од шампионатот. “-Нашата главна цел останува опстанокот на Арсими во елитата на домашниот фудбал. Со заедничка работа, верба и поддршка од навивачите, убедени сме дека ќе ја оствариме оваа цел и ќе поставиме цврсти темели за иднината на клубот”, заклучува Салиу.

Арсими пролетниот дел го отвара во среда против Вардар на гостински терен.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!