Прва лигаФудбал

Дербито во Тетово за Игор Стојчевски, Доне Ристовски главен во Струмица

Сподели
ФОТО: ФК АП Брера Струмица
Сподели

Утре стартува пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига со натпреварите од 17. коло, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата.

Утре во Кавадарци ќе се соочат Шкупи и Тиквеш со почеток од 14 часот, а главен судија на мечот ќе биде Димитар Пилешков, негови помошници ќе бидат Ристо Ѓорѓиев и Роберт Црвенов, а пак Боби Величков ќе биде четврт судија.

Во ВАР собата ќе бидат Никола Костенчев и Гоце Петрески, а пак оператор за повторување на снимката ќе биде Дена Стефков. Делагат на средбата ќе биде Илир Бектеши, а пак контролор Илир Сеља од Струга.

Дербито во Тетово меѓу Шкендија и Струга Трим Лум ќе го суди Игор Стојчевски, а негови помошници ќе бидат Дарко Видиниќ и Филип Ицковски, а пак Александар Василевски ќе биде четврт судија.

ВАР судија ќе биде Бењамин Ќерими, а пак АВАР судија е Мартин Дејаноски. Оператор за повторување на снимка е Виктор Васев. За делегат е одреден Марјан Пишмановски, а пак контролор ќе биде Јосип Бартон. Стартот на овој меч е од 14 часот.


Во среда на програмата ќе бидат два натпревари.

Фукран Идризи ќе им суди на Вардар и Арсими, а ќе му помагаат Дарко Јовчевски и Вјоца Изеири, а пак Пларен Салихи е четврт судија. Во ВАР собата ќе биде Фатмир Бафто и Мишо Ѓоргиески од Охрид, а Оператор за повторување на снимка е Виктор Васев.

Митко Бојаџиев е делегат на мечот, а пак контролор ќе биде Димитар Мечкаровски, стартот е закажан за во 13 часот.

Во Кратово ќе се соочат Силекс и Башкими со почеток од 14 часот, а правдата ќе ја делат Влатко Илиоски како главен судија, Гоце Петрески и Мартин Петковски како негови асистенти, а четврт судија ќе биде Кирил Смоквоски.

Во ВАР собата ќе бидат Александар Грујоски и Дарко Видиниќ, а пак Оператор за повторување на снимка е Петар Мукоски. За делегат е одреден Расим Муминовиќ, а контролор е Никола Караколев.


Колото се затвара во четврток. Во Струмица со почеток од 13 часот Брера ќе игра против Македонија ЃП, а правда ќе дели Доне Ристовски, негови помошници ќе бидат Тоше Ицев и Владимир Митревски, а пак Благојче Ралевски е четврт судија.

Во ВАР собата ќе бидат Стојанче Стојанов и Кристијан Џонов, а Оператор за повторување на снимка е Петар Мукоски. За делегат е делегиран Драган Блажоски, а контролор е Бранко Манојлоски.

Во 14 часот се игра средбата во Битола меѓу Пелистер и Работнички, каде главен судија ќе биде Јован Качевски, а ќе му помагаат Мишо Ѓорѓиески и Климент Ристоски, а пак Марјан Стојановски е четврт судија.

Во ВАР собата ќе бидат Стојанче Трпчевски и Мартин Петковски, а Оператор за повторување на снимка е Жарко Пејковски.

За делегат на овој меч е делегиран Тони Шалев, а контролор е Горан Спиркоски.


Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!