Кошарка

Вардар со нов триумф над шампионот, Крива Паланка се израмни на врвот

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Кошаркарките на Вардар направија голем чекор во борбата за лидерската позиција во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига, откако на гостински терен уште еднаш сезонава го совладаа актуелниот шампион Баскет Кам.

Во натпревар одигран во Македонска Каменица, вардарки славеа со 53:43, а клучот за победата беше фантастичната трета четвртина. По целосно израмнето прво полувреме (22:22), скопскиот тим направи серија од 17:5 во третиот период и практично го реши победникот.

Во тие моменти блесна Тасевска, која по скромниот учинок во првиот дел, презеде одговорност во нападот и беше главен двигател на решавачката предност. По 30 минути игра, Вардар веќе имаше солидни 39:27, кои успешно ги одбрани во последната четвртина.

Тасевска го заврши мечот со 16 поени и шест скока, додека значаен придонес даде и М. Николиќ со 11 поени и дури 16 скока.


Кај Баскет Кам, кој го доживеа вториот пораз во сезоната, најефикасна беше Димова со 13 поени, осум скока и три асистенции. Адамовска постигна 10 поени со шест скока и три асистенции, а Кметовска забележа импресивен дабл-дабл од 10 поени и 17 скока, дополнет со четири асистенции.

Поразот на шампионот Баскет Кам најмногу му одговараше на тимот на Крива Паланка, откако го доби мечот со Пробаскет со сигурни 63:52 на домашниот терен и со тоа се израмни на врвот од табелата. Двете екипи на две кола до крајот на првиот дел се со идентичен ефект (10-2).

Ниехуес реализираше дабл-дабл од 19 поени и 13 скока за Крива Паланка, капитенот Алексовска имаше 18 поени, пет скока, и пет успешни додавања. За гостинот Томас постигна 18 поени, а имаше 12 скока, а пак Јовановиќ имаше 14 поени со пет асистенции и четири скока.


Конечно прва радост за кошаркарите на Патриот од Делчево, кој на домашен терен го добија Спорт Тим во дерби од дното на табелата на две екипи кои водат битка за опстанок. Резултатот во Делчево беше 59:40 за прва сезонска радост на „патриотките“.

МЗТ Бела Вода немаше сили за фаворитот Бадел кој беше подобар со 65:76. Слабата втора четвртина на домашниот тим која ја загуби со 6:19 влијаеше најмногу на големиот пораз.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј...

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на...

Кошарка

Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов потпиша за КК Работнички

КК Работнички АД Скопје продолжува со формирањето на тимот за новата сезона,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!