Останати репрезентацииОстанатоРепрезентација

Златен медал за Белистојаноски и сребрен за Младеновиќ – историски успех на Македонија на ЕП во карате во Лимасол

Сподели
Сподели

Македонското карате испиша нова златна страница во својата историја на Европското првенство за кадети, јуниори и У21, кое се одржува од 6 до 8 февруари 2026 година во Лимасол, Кипар. Со освојувањето на златен и сребрен медал, како и неколку високи пласмани, македонската младинска репрезентација оствари еден од најуспешните настапи на европската сцена.

Најголемиот триумф го постигна Матеј Белистојаноски, кој стана европски шампион во категоријата У21 до –67 килограми. Белистојаноски доминираше во текот на целиот турнир, покажувајќи врвна форма, тактичка зрелост и исклучителна борбеност против силна европска конкуренција.

Патот до златниот медал беше импресивен. Во првите борби, Белистојаноски славеше со 9:1 над Микита Бахамолетс (ВКФ-2), потоа со 5:1 против Ригерс Рами од Албанија, 4:1 над Џо Галагер од Шкотска и 5:4 против Амине Еја од Белгија. Во полуфиналето го совлада Назарии Праничук од Украина со 5:4, а во финалната борба, со максимална концентрација и контрола, го победи Георгиос Балиотис од Грција со 2:0 и заслужено се искачи на највисокото скалило на победничкиот пиедестал.

Овој успех претставува едно од најзначајните индивидуални достигнувања во поновата историја на македонското карате и силна потврда за континуираниот напредок на младинските селекции.


Голем придонес за македонскиот успех даде и Немања Младеновиќ, кој го освои сребрениот медал во категоријата кадети над +70 килограми. Младеновиќ имаше одличен турнир и со серија сигурни и зрели настапи обезбеди пласман во финалето, демонстрирајќи физичка подготвеност, дисциплина и тактичка стабилност. Во борбата за златото, по неизвесен и жесток дуел, мораше да се задоволи со второто место, но неговиот настап остави силен впечаток кај стручната јавност.


Покрај освојувачите на медали, македонската репрезентација забележа и други значајни резултати. Марко Џорлев (кадети до –63 кг) имаше одличен настап и го заврши Европското првенство на петтото место, откако настапи во борбата за бронзен медал и беше на чекор до ново одличје за Македонија. Мерван Мемеди (кадети до –52 кг) оствари неколку значајни победи и го заврши натпреварувањето меѓу најдобрите осум во Европа, што претставува сериозен резултат на вакво силно натпреварување.

И останатите македонски каратисти покажаа борбеност, дисциплина и квалитет, стекнувајќи драгоцено искуство на највисоката европска сцена.

Со еден златен и еден сребрен медал, како и повеќе високи пласмани, настапот на Европското првенство во Лимасол претставува голем успех за македонското карате. Овие резултати се плод на посветената работа на спортистите, тренерите, селекторите и стручниот штаб, како и на континуираната поддршка од Карате федерацијата на Македонија, и уште еднаш потврдуваат дека македонското карате има светла и перспективна иднина.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Останато

Работнички го „збриша“ штипски Младост УГД со максимален ефект, Наковски Волеј ја доби Јанта Волеј

Стартуваше полуфиналната борба за шампионската титула во Првата одбојкарска лига на Македонија...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезентацијата до 16 години поразена од Узбекистан

Македонската репрезентација која е дел од развојниот турнир на УЕФА за играчи...

Останато

Ѓорческа елиминирана во Порторож, Завацка убедлива во два сета

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот во Порторож,...

Останати репрезентацииОстанато

Контроли со Косово пред Европската лига: Новиот селектор Гавриловиќ ја закажа прозивката

Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари со селекцијата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!