Останати репрезентацииОстанатоРепрезентација

Бронзени медали за Дејан Георгиевски и Мила Релиќ на „Австрија Опен Г1“ во Инсбрук – нов успех за македонското таеквондо

Сподели
ФОТО: Македонска Tаеквондо Федерација
Сподели

Македонското олимписко таеквондо продолжува со одлични резултати на меѓународната сцена, откако Дејан Георгиевски и Мила Релиќ освоија бронзени медали на силниот турнир „Австрија Опен Г1“, кој се одржа во Инсбрук. Новите успеси претставуваат уште една потврда дека таеквондото е меѓу водечките спортови во Македонија.

Во сениорската категорија +87 килограми, Дејан Георгиевски стигна до бронзениот медал по серија сигурни настапи. Во осминафиналето славеше со 2-0 против Иван Трајковиќ од Словенија, а потоа во четвртфиналето со ист резултат 2-0 го совлада и Патрик Дивковиќ, исто така од Словенија. Во полуфиналето Георгиевски беше поразен со 0-2 од Аболфазл Абасипоуја, со што го заврши настапот со заслужен бронзен медал.

До бронза стигна и Мила Релиќ во сениорската категорија до 62 килограми. Таа натпреварувањето го започна со победа над Фатима Менди од Сенегал со 2:0 во рунди, а потоа беше подобра и од Марија Леонова од Украина со идентични 2:0. Во четвртфиналето Релиќ ја совлада Хелена Кичема од Хрватска со 2:1 во рунди, додека во полуфиналето беше поразена од Јулија Шпак со 0:2, што ѝ донесе бронзен медал.


Солиден настап имаше и Филип Блажевски во сениорската категорија до 80 килограми, кој во кругот на елиминации беше поразен со 0-2 од Гумуш Кан од Германија.

Со освоените медали и прикажаните борби, македонските таеквондисти уште еднаш го потврдија својот квалитет на силен меѓународен турнир и продолжуваат да го градат успехот на македонското таеквондо на европската и светската сцена.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!