Трета лигаФудбалЧетврта лига

Хуманитарен натпревар во Пирава: Ударник и Слога Злеово ќе играат за Васко Ризов

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

В недела (8 февруари) во Пирава ќе се одигра пријателски натпревар со хуманитарен карактер меѓу третолигашот Ударник и четвртолигашот Слога од радовишко Злеово.

Овој натпревар кој ќе има контролен карактер пред продолжението на Трета лига – Исток каде Ударник ќе води битка за првото место кое води кон баражот за Втора лига, односно пред почетокот на пролетниот дел во Општинската фудбалска лига во Струмица, каде Слога ќе се бори за првата позиција, а со тоа можност следната сезона да заигра и во третолигашкото друштво на Истокот.

Меѓутоа, овој натпревар ќе има хуманитарен карактер, двете екипи ќе играат за Васко Ризов. Овој меч на кој Ударник е домаќин го организиран со цел собирање на средства за лекување на нивниот другар Васко Ризов.

На влезот на фудбалскиот терен во Пирава ќе бидат поставени кутии за донации, а сите собрани средства ќе бидат донирани за лекување на Ризов. Да ја покажеме хуманоста на дело и да помогнеме тогаш кога е најмногу потребно.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска...

Трета лигаФудбал

Еден натпревар од Втора лига ќе се одигра утре

Денес со седум натпревари се отвара 25. коло на Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Крстевски ќе им суди на Демир Хисар и Света Троица, Лаброски на Влазними и Кораб

Делегирани судиите за четирите натпревари од 14. коло на Третата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!