Ракомет

Чаир со јасна шампионска цел: Ана Георгиевска нов адут во битката за титулата

Сподели
ФОТО: ЖРК Чаир
Сподели

Женскиот ракометен клуб Чаир продолжува решително да го засилува ростерот пред клучниот дел од сезоната во Супер женската лига, испраќајќи силна порака дека амбициите одат највисоко – кон шампионската титула.

Најново име во составот на тимот предводен од Басри Љатифи е кружниот напаѓач Ана Георгиевска, која е кадетска и младинска репрезентативка на Македонија. Таа во Чаир пристигнува од редовите на Металург Автокоманда, каде што стекна значајно искуство и се наметна како една од перспективните ракометарки на својата позиција.

Со ова засилување, Чаир дополнително ја зацврстува конкуренцијата во тимот и ја подигнува борбеноста пред пролетниот дел од сезоната, кој најавува исклучително возбудлива трка за врвот. Чаир моментално се наоѓа на третата позиција со 23 бодови, само еден бод помалку од лидерот Ѓорче Петров, што јасно говори колку ќе биде неизвесна и драматична завршницата на шампионатот.


Повеќе од јасно е дека за титулата ќе се борат Ѓорче Петров и Чаир.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Секуловски: Да ги корегираме грешките и да ги освоиме трите бода

Пелистер излегува на мегдан со еден од најнезгодните противници во последната декада, Македонија ЃП, при што последната победа над денешниот противник датира од...

Останато

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков со поддрршка за македонските таеквондисти кои заминаа на ЕП во Грција

Репрезентацијата на Македонската традиционална таеквон-до федерација е подготвена за настап на Европското ИТФ првенство кое ќе се одржи во Хераклион, Крит, Грција во...

Поврзани написи
Ракомет

Охридската навивачка флота утре тргнува за Струмица: Силна поддршка за историското финале!

Охрид испиша историја со пласманот во финалето од Купот на Македонија, каде...

Ракомет

Вардар на чекор до големо засилување: Фадуил на мета на „црвено-црните“

Македонскиот ракометен гигант Вардар сериозно работи на засилувањата за следната сезона, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!