Втора лигаПрва лигаФудбал

Пелистер пресилен за второлигашот Преспа од Ресен во Црнобуки

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Денес на одличниот фудбалски терен во битолско Црнобуки се одигра пријателски натпревар меѓу прволигашот Пелистер и второлигашот Преспа, каде битолчани беа убедливи со 6:0 против тимот од Ресен.

По првиот дел резултатот беше 3:0, а голеадата ја започна Спировски со погодок по само три минути игра. Во 23. минута Петковски погоди ја дуплираше предноста, а веќе во 45. минута Здравковиќ погоди за 3:0 на полувреме.

Во вториот дел Булатовиќ во 55. минута зголеми на високи 4:0, а до крајот на мечот Петковски постигна уште два погодоци во 67. и 89. минута за конечни 6:0, а со тоа Петковски постигна хет-трик.


Пелистер пролетниот дел го отвара на домашен терен против Работнички, а пак Преспа ќе продолжи со подготовки за вториот дел од сезоната во ВМФЛ кој го отвара против Шкендија Арачиново во гости.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по одбранетиот трофеј: „Да се ресетираме и да одиме во нови победи!“

ГРК Охрид по вторпат во низа го освои меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во финалето го совлада Вардар со 29-27 и го одбрани...

Ракомет

Мулти Есенс го преживеа Младост и со тесен резултат обезбеди борба за бронза на турнирот во Прилеп

Мулти Есенс успеа да стигне до победа над Младост 1977 со 30-29 во исклучително неизвесен натпревар, во кој богданчани до самиот финиш се...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Каменица Саса со убедлива победа над Дојранско Езеро на пријателски меч

Ланскиот второлигаш забележа висока победа на пријателскиот натпревар против Дојранско Езеро со...

Втора лигаФудбал

Пелистер и Брера без победник, Кожуф го совлада Шкупи, историска победа за Камјани

Пелистер и Брпера одиграа без победник, 0-0, во натпревар во кој гостинскиот...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со...

ИнтернационалциФудбал

Тренчовски славеше со Олимпија Љубљана: Марин влезе во игра и даде гол за три бода!

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски стигна до нов триумф во шампионатот на Словенија,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!