Втора лигаФудбал

Гест на почит: Бесплатни сезонски влезници за ветераните на Брегалница

Сподели
Сподели

ФК Брегалница уште еднаш покажа дека е клуб со традиција, вредности и почит кон сопствената историја. Додека фокусот е насочен кон иднината и новите предизвици, управата на штипскиот клуб испрати силна порака дека оние кои го граделе името Брегалница никогаш нема да бидат заборавени.

Како знак на благодарност и признание, раководството на клубот обезбеди годишни влезници за сите домашни натпревари за ветераните кои со своите настапи и пожртвуваност оставиле длабок траг во историјата на „сините“. Станува збор за фудбалери кои во минатото активно учествувале во создавањето и развојот на брендот штипска Брегалница.

Од клубот потенцираат дека овој гест можеби е симболичен, но носи голема емоционална тежина и претставува најмалку што може да се направи како израз на почит кон луѓето кои со срце го носеле дресот на Брегалница.


Со обезбедените влезници, ветераните ќе имаат слободен пристап до сите домашни натпревари на клубот, а истите важат за сезоните 2025/2026 и 2026/2027. Влезниците се персонализирани и можат да ги користат исклучиво нивните сопственици.

Во исто време, Брегалница во пролетниот дел од сезоната влегува со јасна цел – борба за пласман во Првата македонска фудбалска лига, а поддршката од оние кои ја испишувале клупската историја ќе биде дополнителен мотив за сегашниот состав.

Брегалница уште еднаш докажува дека вистинските клубови не се градат само со резултати, туку и со почит, сеќавање и благодарност кон оние кои ги поставиле темелите.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!