Втора лигаПрва лигаФудбал

Кога срцето е поголемо од резултатот: Стојанчо Велинов го става на аукција најдрагиот дрес за хуманитарна цел

Сподели
Сподели

Фудбалот не е секогаш само резултат, табела и бодови. Понекогаш, тој станува глас на човечноста и заедништвото. Таква порака ќе испрати пријателскиот натпревар со хуманитарен карактер за настраданите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, меѓу Осогово и Вардар, кој ќе се одигра во сабота, каде спортот добива подлабоко значење.

Во рамки на натпреварот, фудбалерот на Осогово, Стојанчо Велинов, направи гест кој заслужува искрена почит – на аукција ќе го стави својот дрес од Академија Пандев, дрес со кој е освоен Купот на Македонија, симбол на еден од најголемите успеси во неговата кариера.

Станува збор за дрес со голема спортска и лична вредност, кој ќе биде понуден на аукција за време на натпреварот, а ќе му припадне на оној што ќе понуди највисока сума. Сите собрани средства ќе бидат наменети за хуманитарна цел, потврдуваат од клубот ГФК Осогово.

„Во сабота, на хуманитарниот натпревар помеѓу Осогово – Вардар, фудбалот добива подлабоко значење. Со голема чест и емоција го ставам на аукција дресот од Академија Пандев – дрес кој за мене претставува посебен дел од мојата кариера и спомен на освоениот Куп на Македонија. Денес, тој дрес го отстапувам со една цел – да помогнеме таму каде што е најпотребно. Дресот ќе му припадне на оној што ќе понуди највисока сума, а сите собрани средства ќе бидат наменети за хуманитарна цел.
Кога срцето е поголемо од резултатот, тогаш спортот ја покажува својата вистинска сила“, вели Велинов.

Од ГФК Осогово изразија голема почит кон ваквиот потег и потенцираа дека се горди што нивните фудбалери ја претставуваат вистинската страна на спортот – онаа каде човечноста е на прво место.


Инаку, Стојанчо Велинов оваа зима повторно се врати во редовите на Осогово, клуб во кој веќе има настапувано. 36-годишниот искусен дефанзивец пристигна како слободен играч, по завршувањето на соработката со бугарскиот Несебар, каде настапуваше од јануари 2024 година, откако претходно играше за Черноморец Бургас.


Во својата богата кариера, Велинов настапуваше за голем број македонски клубови – Гостивар, Велешта, Осогово, Охрид, Брегалница, Брера Струмица, Работнички, Ренова, Силекс и Тетекс, а имаше и интернационално искуство со косовскиот тим Трепча. Најголемиот клупски успех го забележа со Брера Струмица, со која во сезоната 2018/2019 го освои Купот на Македонија.

Гестот на Велинов уште еднаш потврдува дека фудбалот има моќ да обединува и да помага, а кога срцето е поголемо од резултатот – спортот навистина ја покажува својата вистинска сила.


Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар на дното без бодови, Кочани рекорден по високи порази, Љуботен непоразен лидер во ПЖФЛ

По пет одиграни кола, со тоа што петтата рунда не е комплетирана поради одложениот меч меѓу Ас Јунајтед и Пелистер, време е за...

Ракомет

Кукуловски „грмеше“ од девет метри: седум гола за победничко деби во Металопластика!

Поранешниот ракометар на Охрид, Дејан Кукуловски, со одлична индивидуална партија го започна новото поглавје во кариерата во дресот на Металопластика Шабац. Македонскиот интернационалец...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново продолжува со одличните резултати: Трета победа во низа и високо трето место во ПМФЛ

Шкендија Арачиново продолжува со импресивниот настап во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!