Останато

Лазаревски позитивен на допинг тест, Виктор Петков патува на ЗОИ!

Сподели
ФОТО: МОК
Сподели

Со цел јавноста да биде објективно и точно информирана, како и целосно да се испочитува законската процедура, ја пренесуваме официјалната информација од Националната анти-допинг организација (НАДО МКД) во врска со промената во олимпискиот состав за претстојните Зимски олимписки игри.

„Врз основа на официјалниот извештај (Test Report) пристигнат од акредитираната лабораторија во Seibersdorf, Австрија, во еден од двата примероци утврдено е присуство на забранети средства кај спортистот во алпско скијање.  Како резултат на строго и прецизно пропишаната процедура на WADA, до конечна потврда на  наодот, процедурите предвидуваат времена суспензија на спортистот и се активира механизмот на замена од претходно утврдената листа на потенцијални кандидати („long list“). Согласно овој официјален систем на рангирање, следен спортист со исполнета олимписка квота е Виктор Петков, кој по процедурален пат станува дел од официјалната делегација.“ – велат од МОК.

Со ова, Мирко Лазаревски нема да патува на Зимските олимписки игри, а неговото место во националниот тим ќе го заземе Виктор Петков, кој ќе настапува во дисциплините слалом и велеслалом.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

Останато

Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџерот во Палермо

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 50 турнирот во...

Останато

Газели Волеј со две интернационални засилувања: Сохила Вафек и Николета Капици во составот за новата сезона

Газели Волеј го комплетира составот за сезоната 2026/27 со две интернационални засилувања....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!