ИнтернационалциПрва женска фудбалска лигаФудбал

ВИДЕО: Македонскиот шампион Љуботен поразен од косовскиот шампион Митровица во контролен натпревар

Сподели
Сподели

Македонскиот шампион Љуботен забележа пораз на пријателскиот натпревар против шампионот на Косово, Митровица, кој заврши со резултат 3:1 во корист на гостинската екипа.

Натпреварот послужи како квалитетна проверка за двете екипи во пресрет на продолжението од националните шампионати и можност за темпирање на формата пред пролетниот дел од сезоната.

Во победничкиот состав на Митровица се истакна Едона Криезиу, која постигна два погодоци, додека Блерта Шала го комплетираше резултатот со уште еден гол. За Љуботен единствен стрелец беше репрезентативката на Хаити, Лори-Ен Моисет.

Екипата на Љуботен ќе продолжи со одигрување на пријателски натпревари со цел максимално подготвена да го дочека продолжението од сезоната, во кое ќе води жестока битка за одбрана на двојната круна.


Во трката за шампионската титула, најголем конкурент на тетовскиот состав останува Скопје, кое моментално е лидер на табелата со два бода повеќе од Љуботен, кој се наоѓа на втората позиција.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!