Останато

Ѓорческа со победа стартуваше на ИТФ 50 турнирот во Порто

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Нашата најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа стартуваше со победа на ИТФ 50 турнирот во Порто, кој се игра за награден фонд од 40.000 долари. Во првото коло од главниот турнир, Ѓорческа ја совлада Швајцарката Илена Ин-Албион со 2-0 во сетови (6:2, 6:3) за 76 минути.

Во првиот сет Лина направи два брејка, во шестиот и осмиот гем, што беше доволно за сигурни 6:2. Вториот сет донесе поинаков развој, откако ривалката направи брејк и поведе со 2:1, но Ѓорческа брзо се врати во ритам и со серија од четири освоени гема направи пресврт за водство од 5:2, по што го затвори сетот со 6:3.

Во следното коло Ѓорческа ќе игра против Германката Настасја Шунк, која во првата рунда беше убедлива против Португалката Миља Секуеира, победувајќи со 2-0 (6:2, 6:1). Натпреварот е закажан за четврток.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Бутел, битолчани во борба за третото место на „Миле Нешкоски“

Еурофарм Пелистер 2 запиша убедлив триумф над Бутел Скопје со 37-30 во натпревар од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, кој се одржува во Прилеп....

Ракомет

Охрид повторно го доби Вардар и го одбрани трофејот на „Крсте Андоновски“!

Ракометарите на Охрид ја потврдија доминацијата на домашниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“, откако во големото финале го совладаа Вардар со 29-27 и по...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!