Ракомет

ЖРК Вардар се засили со репрезентативното крило Мина Ѓурческа

Сподели
ФОТО: ЖРК Вардар
Сподели

ЖРК Вардар и во овој зимски преоден рок јасно ја следи стратегијата за градење тим со млади македонски репрезентативки. „Црвено-црните“ официјално го потврдија ангажманот на уште една перспективна ракометарка, со што ова е петтото засилување кое настапува за националните селекции на Македонија.

Нов член на Вардар е талентираното десно крило Мина Ѓурческа, која доаѓа од редовите на Металург Автокоманда. По Таида Беровиќ, Евгенија Смиљковска и сестрите Ања и Мила Лашкоски, уште една ракометарка од Автокоманда ја продолжува кариерата во скопскиот гигант.

Ѓурческа е пионерска репрезентативка на Македонија и во продолжението од сезоната ќе биде дел и од сениорскиот состав на Вардар, но и од младинските категории на клубот. Станува збор за 15-годишна ракометарка, родена 2010 година, која претходно настапуваше и за екипата на Скопје 2020, пред да се пресели во Автокоманда.

Дополнителна потврда за нејзиниот потенцијал е и повикот за Медитеранското првенство, кое годинава ќе се одржи во Приштина, Косово, каде Ѓурческа ќе ја претставува Македонија.


Со ова засилување, Вардар уште еднаш покажува дека сериозно инвестира во иднината и во развојот на младите македонски ракометарки, со јасна визија за стабилен и конкурентен тим во наредните сезони.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше со максимални 3:0 над Вардар ЕМ. Освојувачот на Супер купот одлично...

Ракомет

Илиќ: Публиката во Богданци е нашиот осми играч, против Пелистер 2 очекувам машки натпревар, целта е прва победа

Младост во сабота во салата „Млаз“ во Богданци ќе ја бара првата сезонска победа во шестото коло на Суперлигата против Еурофарм Пелистер 2...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!