Останато

Штип УГД го декласираше шампионот Струмица со убедлив триумф

Сподели
ФОТО: ОК Штип УГД | АРХИВА
Сподели

Вечерва во салата „Јордан Мијалков“ се одигра дербито меѓу актуелниот освојувач на Купот, Штип УГД, и актуелниот шампион Струмица, кое заврши со убедлива победа на штипјани од 3-0 во сетови.

Избраниците на Кристиан Ристоски доминираа во текот на целиот натпревар, јасно ставајќи до знаење дека екипата од градот под Исарот сериозно атакува на двојната круна оваа сезона.

Првиот сет заврши со резултат 25:19, а идентичен исход имаше и во вториот сет, по што шампионот веќе беше во подредена позиција и немаше сила за резултатски пресврт.

Во третиот сет, Штип УГД ја заокружи одличната партија со уште поубедлива игра, славејќи со 25:16 и потврдувајќи ја големата победа.


Штип УГД, кој сезонава за првпат настапи и на европската сцена, покрај одбраната на Куп-титулата, јасно ја покажува амбицијата и за освојување на првата шампионска титула во клупската историја. Со ваквите настапи, штипјани се на добар пат да испишат нова значајна страница и да ја прекинат долгогодишната доминација на струмичани.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!