ИнтернационалциФудбал

Радовишанецот Диме Димов кариерата ја продолжува во Албанија – го засили Билис

Сподели
Сподели

Радовишанецот Диме Димов отвора ново интернационално поглавје во својата кариера, откако постигна договор со албанскиот прволигаш Билис. Искусниот македонски стопер во новата средина доаѓа како слободен фудбалер, по прекинот на соработката со индонезискиот Персебаја на почетокот на 2026 година.

31-годишниот дефанзивец зад себе има богато искуство и настапи во повеќе земји. По Македонија и Бугарија, каде го носеше дресот на Локомотив Софија, Димов последната сезона ја мина во индонезискиот фудбал. Во Персебаја беше стандарден член и во сите конкуренции запиша вкупно 29 официјални настапи, оставајќи впечаток со стабилни и сигурни партии во одбраната.

Иако имаше понуди да продолжи во Азија, како и интерес од клубови од Првата македонска фудбалска лига, Димов се реши за трансфер во Албанија и нов предизвик со Билис. Во клубовите во кои настапувал важел за стандарден првотимец, што е уште една потврда за неговиот квалитет и професионален однос.


Кариерата ја започна во младинските категории на радовишка Плачковица, а беше дел и од Металург, Тиверија, Кожуф, Гостивар и Хоризонт Турново, пред да ја изгради најдолгата и најстабилна фаза во дресот на Академија Пандев. Во струмичкиот клуб помина седум години, ja носеше капитенската трака и остави длабока трага во домашниот фудбал. Со струмичани во сезоната 2018/2019 го освои Купот на Македонија.

Со искуството од елитните лиги и настапите надвор од државата, радовишанецот Диме Димов пристигнува во Билис како значајно засилување, од кое се очекува да донесе цврстина и лидерство во одбрана на албанскиот тим.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Тесна трка за „Златната копачка“: Тројца стрелци веќе имаат по пет гола во Трета лига регион 3

По четири кола во Трета лига регион 3 дури тројца играчи го делат врвот од листата на најдобри стрелци, а имаат постигнато по...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи кои во целост разочараа, ако се земе предвид фактот со какви...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

ФудбалФутсал

„Пукна бомбата“: Марио Благојевски останува во шампионот Проект

Тоа што го најави Спортска Мрежа во текот на вчерашниот ден доби...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!