Прва лигаФудбал

Пораз на Вардар во Анталија, Башкими со реми против Младост Добој

Сподели
ФОТО: ФК Вардар АД
Сподели

Есенскиот првак и лидер во ПМФЛ, Вардар, го одигра завршниот тест на подготовките во Анталија против ерменскиот Алашкерт. „Црвено-црните“ не успеаја да дојдат до позитивен резултат и беа поразени со 0-3. Противникот беше поефикасен, постигнувајќи два погодоци во првото полувреме и уште еден во продолжението од средбата. По овој натпревар, вардаровата експедиција ги завршува зимските подготовки во Турција и се враќа во Скопје.

Екипата на Башкими одигра нерешено 1-1 против Младост Добој. Тимот од Босна и Херцеговина замина на пауза со предност, но во вториот дел македонскиот претставник успеа да израмни преку Рибеиро и да извлече реми.

Овие натпревари беа последна можност за тренерите да ја проверат формата на своите екипи пред продолжението на првенствените обврски во пролетниот дел од сезоната.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига во Кичево за сезона 2026/2027...

Ракомет

Лука Георгиевски повторно во Еурофарм Пелистер 2 – младинскиот репрезентативец се враќа во Битола

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а битолскиот тим доби засилување на десната бековска позиција со враќањето на...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да...

КупФудбал

КУП: Вардар против Овче Поле, Тетекс со Брегалница, Осогово против Беласица

Утврден е распоредот и натпреварувачките парови од 1/16-финалето на Купот на Македонија за сезоната...

Втора лигаФудбал

Одложените натпревари од Радовиш и Тетово од 2. коло на Втора лига добија нови термини

Двата натпревари од 2. коло во Втората македонска фудбалска лига кои беа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!