Ракомет

ЖРК Вардар го освои првото издание на меѓународниот турнир „Атлетик и пријателите“

Сподели
ФОТО: ЖРК Атлетик
Сподели

Екипата на ЖРК Вардар е победник на првото издание на Меѓународниот женски ракометен турнир „Атлетик и пријателите“, кој се одржа во организација на прволигашот Атлетик.

„Црвено-црните“ со одлични настапи го освоија трофејот и го обележаа премиерното издание на овој меѓународен настан.

Второто место му припадна на домаќинот ЖРК Атлетик, третопласирана беше екипата на ЖРК Будуќност 2, додека четвртото место го освои ЖРК Куманово.

Организаторот упати голема благодарност до сите учесници кои се одѕваа на поканата и со своите настапи придонесоа за квалитетен и возбудлив турнир. Благодарност беше упатена и до присутните гледачи, кои создадоа одлична спортска атмосфера во салата и дадоа дополнителен шмек на настанот.

Првото издание на турнирот „Атлетик и пријателите“ помина во позитивен дух, со јасна порака за развој и промоција на женскиот ракомет, а триумфот на ЖРК Вардар останува запишан како прв победник во историјата на овој турнир.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Македонска Каменица испишува нова спортска историја – формиран првиот ракометен клуб „Сокол Саса“

Македонска Каменица доби уште еден спортски колектив и официјално влезе на ракометната мапа на Македонија. Со формирањето на Ракометниот клуб „Сокол Саса“, градот...

Ракомет

Познати екипи кои ќе учествуваат на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Во период од 20 до 23 август во Прилеп ќе се одржи 11. издание од Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешковски“, кој се организира...

Поврзани написи
Ракомет

Македонска Каменица испишува нова спортска историја – формиран првиот ракометен клуб „Сокол Саса“

Македонска Каменица доби уште еден спортски колектив и официјално влезе на ракометната...

Ракомет

Дејан Михајловиќ останува верен на Бутел Скопје – кружниот напаѓач потпиша до 2028 година

Ракометниот клуб Бутел Скопје продолжува со создавањето на ростерот за наредните сезони,...

Ракомет

Младоста продолжува да се засилува: Мартин Иванов ново десно крило за богданчани

Новиот суперлигаш РК Младост 1977 од Богданци продолжува со засилувањата во пресрет...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!