Прва лигаФудбал

Пелистер ги заокружи подготовките во Турција и се врати во Битола

Сподели
Сподели

Прволигашот Пелистер успешно ги заврши двонеделните подготовки во Белек, Турција, каде што битолскиот прволигаш ја реализираше втората фаза од припремниот период.

Стручниот штаб, предводен од Милан Стојановски, во целост ја исполни планираната програма, а експедицијата во саботата се врати во Битола.

Во текот на подготовките, шанса доби целиот ростер на „зелено-белите“. Беа одиграни четири контролни натпревари, а преку интензивните тренинг-сесии стручниот штаб доби појасна слика за тимот со кој Пелистер ќе настапува во пролетниот дел од Првата фудбалска лига.

Своите први минути во дресот на Пелистер ги запишаа и новајлиите, по што се наѕира и изгледот на екипата за продолжението на сезоната. По враќањето во Битола, фудбалерите добија слободен викенд, по што ќе следи последната фаза од подготовките, во која се планирани и уште два контролни натпревари.

Првиот официјален предизвик за Пелистер во пролетниот дел од шампионатот е натпреварот против Работнички, закажан за 11 февруари во Битола.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!