Кошарка

Познати сите учесници во плеј-офот и плеј-аутот на Првата кошаркарска лига

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Со одигрувањето на 14. коло беше спуштена завесата на регуларниот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига – мажи. Последното коло донесе возбудливи натпревари, убедливи победи, но и драматичен расплет во групата „А“, каде Вардар по продолжение стигна до првото место.

Во салата на КК Вардар, лидерот мораше да игра дополнителни пет минути за да го скрши отпорот на мотивираниот Црн Дрим. По нерешени 74:74 во регуларниот дел, „црвено-црните“ имаа повеќе енергија и концентрација во продолжението, кое го добија со 17:8 за конечни 91:82. Со оваа победа Вардар ја заврши првата фаза со скор 10-2 и првото место во групата „А“. Данев беше најефикасен со 27 поени, а значаен придонес дадоа уште четворица кошаркари со двоцифрен учинок. Кај гостите од Струга, Камилоски и Д. Шабани постигнаа по 27, односно 26 поени.

Мега баскет убедливо го совлада Младинец со 118:84 и со истиот скор како Вардар (10-2) ја заврши првата фаза, но со послаб меѓусебен биланс. Прилепчани ја решија дилемата уште во средните две четвртини, а Димитриевски со 25 поени беше прво име на натпреварот.

Во Скопје, Тетекс ТТК стигна до значајна гостинска победа над Водно Санс (79:76), откако направи пресврт во последната четвртина. Макревски со 27 и Шуменковски со 26 поени беа клучни за тетовци, додека кај Водно Санс Трајанов постигна 25 поени. И покрај поразот, Водно Санс обезбеди место меѓу најдобрите четири во групата „А“.


Во групата „Б“, Бутел убедливо го совлада Спортисимо со 124:87 и со сигурна игра го потврди пласманот во ТОП 8. Хот со 30 поени ја предводеше листата на стрелци, а дури шестмина кошаркари на Бутел имаа двоцифрен учинок.

Соколи 1933 рутински славеше на гостувањето кај Струмица Ролинг (94:47) и со тоа ја задржа делбата на првото место во групата „Б“. Блажевски беше најефикасен со 18 поени, додека кај домаќините Петров и Георгиев постигнаа по 11.


Во Велес, Борец баскет одигра доминантно и го совлада Овче Поле со 96:71, обезбедувајќи пласман во групата од осум екипи што ќе се борат за место во Суперлигата. Штерјов со 28 поени беше најдобар поединец на мечот.

По завршувањето на регуларниот дел, согласно системот за натпреварување, првопласираните четири екипи од двете групи формираат ТОП 8 група со пренесени меѓусебни резултати, од која ќе се добијат учесниците во Суперлигата. Тоа се: Вардар, Мега баскет, Охрид и Водно Санс од групата „А“, како и Струмица ФМП, Соколи 1933, Бутел и Борец баскет од групата „Б“.

Екипите пласирани од петтото до седмото место ќе настапуваат во плеј-аутот за опстанок во Првата лига, и тоа: Црн Дрим, Тетекс ТТК и Младинец од групата „А“, како и Овче Поле, Струмица Ролинг и Спортисимо од групата „Б“.

Првата фаза заврши со јасна слика – борбата за влез во Суперлигата и битката за опстанок допрва следуваат, а возбудувањата во Првата кошаркарска лига продолжуваат.


Сподели

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Башкими службено го доби мечот со ЖФК Менада, клубот од Тетово и фудбалерката пред Дисциплинска комисија

ЖФК Башкими 2024 службено го доби натпреварот со Менада од првото коло во Втората македонска женска фудбалска лига, откако Комисијата за женски фудбал...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Поврзани написи
Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...

Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат...

Кошарка

Крива Паланка и Баскет Кам 2011 за првиот трофеј во новата сезона: Суперкупот носи голема пресметка

Новата сезона во женската кошарка во Македонија започнува со директна пресметка за...

Кошарка

КФМ го одржа претсезонскиот семинар за судии, делегати и контролори

Во организација на Судиската комисија при Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!