Трета лигаФудбал

Третолигашот Брегалница Делчево се засили со голгетерот Еди Мандак

Сподели
Сподели

Третолигашот Брегалница од Делчево за пролетниот дел од сезоната во Трета лига – Исток ќе биде значително засилен со голгетерот Еди Мандак, кој доаѓа од редовите на второлигашот Брегалница од Штип.

20-годишникот потекнува од школата на Брегалница, а настапуваше една сезона и во дресот на струмичка Беласица од каде и се врати во таборот на „сините“ од Штип.

Слабиот голгетерски учинокот кој го имаше тимот од Делчево во есенскиот дел ќе биде засилен со Мандак, кој во дресот на Брегалница во есенскиот дел на Втора лига постигна четири голови, а во минатото беше најдобар стрелец во младинската Суперлига.

Брегалница Делчево презимува на шестото место на табелата со 12 бодови, има учинок од три победи, три ремија и четири порази, а пак гол разликата е негативна односно постигнати 14 погодоци, а примено 15.


Мандак ќе биде квалитетно засилување за тимот од Делчево и големо освежување за пролетниот дел.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Џатевска останува во Унгарија: Македонската репрезентативка ја продолжи соработката со Сомбатхељи

Македонската ракометарка Ивана Џатевска ќе продолжи да настапува во унгарскиот шампионат, откако официјално го продолжи договорот со Сомбатхељи за сезоната 2026/27. 22-годишната пикерка...

Втора лигаФудбал

Охрид го доживеа првиот сезонски пораз: „Рибарите“ немоќни против Марибор

Екипата на Охрид го доживеат првиот сезонски пораз откако во рамки на 5. коло на ЕРС (eFootball Pro Champions) загуби од тимот на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид го доживеа првиот сезонски пораз: „Рибарите“ немоќни против Марибор

Екипата на Охрид го доживеат првиот сезонски пораз откако во рамки на...

Трета лигаФудбал

Двајца фудбалери го пропуштаат 17. коло во Трета лига – Исток!

В недела се играат мечевите од 17. коло на Третата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!