ОстанатоПрва женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО: Тиверија Брера и ОК Струмица Жени заедно на работилница за креирање безбедна спортска средина

Сподели
ФОТО: ЖФК Тиверија Брера
Сподели

Женскиот фудбалски клуб Тиверија Брера и одбојкарскиот клуб Струмица Жени денеска заеднички учествуваа на едукативна работилница организирана од Спорт Соушл Солушнс, посветена на креирање безбедна спортска средина.

Работилницата беше насочена кон зајакнување на капацитетите за препознавање, превенција и ефикасно справување со случаи на родово базирано и сексуално насилство во спортот, тема која има особена важност за женските спортски колективи. Преку интерактивен пристап и размена на искуства, учесниците добија практични насоки за одговорно и навремено постапување во вакви ситуации.

Претставниците на двата клуба истакнаа дека ваквите едукативни активности се значаен чекор кон создавање здрава, безбедна средина за спортистките, како и кон подигнување на свеста за заштита и меѓусебна поддршка во спортот.

ФОТО: ЖФК Тиверија Брера

Настанот се одржа во Младинскиот центар во Струмица, а беше упатена благодарност до Општина Струмица за одобрувањето на користењето на просторот, што овозможи успешна реализација на работилницата.

ФОТО: ЖФК Тиверија Брера

Со вакви заеднички активности, Тиверија Брера и Струмица Жени испраќаат јасна порака дека безбедноста, едукацијата и почитта се темели врз кои треба да се гради спортот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!