Прва лигаФудбал

Прволигашот Башкими го промовираше Анатолиј Петејчук

Сподели
ФОТО: ФК Башкими
Сподели

Прволигашот Башкими продолжува со засилување на ростерот пред продолжението на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, откако во своите редови го доведе Анатолиј Петејчук. 23-годишниот офанзивец е најновото име во „црно-зелениот“ дрес и веќе остава позитивен впечаток со своите настапи.

Иако релативно млад, Петејчук зад себе има солидно искуство од домашниот фудбал. Во досегашната кариера настапуваше за Беласица, Вардар и Победа од Прилеп, а има и интернационално искуство преку ангажмани во Германија, како и во хрватскиот клуб Граничар. Неговата поливалентност му овозможува да игра на левото и на десното крило, што дополнително ја зголемува неговата вредност за тимот од Куманово.

Новото засилување веќе се запиша и во стрелците. Петејчук постигна гол на контролниот натпревар против Рудар Пљевља, кој Башкими го доби со убедливи 3:0, потврдувајќи дека брзо се вклопува во новата средина. Во пријателските средби одиграни во Медулин, тој прикажа сигурни и зрели партии, покажувајќи квалитет, дисциплина и потенцијал за напредок.

Од клубот истакнуваат задоволство од неговото пристигнување, нагласувајќи дека станува збор за фудбалер со искуство од Првата лига и со јасен потенцијал да придонесе во остварувањето на амбициите на Башкими. Петејчук веќе е дел од „црно-зеленото семејство“, а од Куманово му посакуваат многу успеси и добри настапи во дресот на клубот.


Со ова засилување, Башкими добива дополнителна ширина и креативност по крилните позиции, што може да биде значаен фактор во продолжението од сезоната.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!