Останато

Штип УГД и Струмица пресилни, одбојкарите на Универзитет Тетово го добија тимот на Скопје!

Сподели
ФОТО: ОК Штип УГД | АРХИВА
Сподели

Во рамки на 4. коло од Првата одбојкарска лига во машка конкуренција освојувачот на Купот на Македонија со 0:3 во сетови го збриша тимот на Јанта Волеј.

Уште во првиот сет беше најавена големата победа откако штипјани истата ја добија со 7:25, а пак втората со 10:25. Во третиот сет Штип УГД беше подобар со 17:25.

Лирија на домашен терен со 3:0 во сетови (25:19, 27:25, 25:17) над Весна Пробиштип, а пак шампионот Струмица со 3:0 во сетови го декласираше Вардар или по сетови резултатот одеше (25:19, 25:19, 25:15).

Шкендија на домашен терен запиша убедлива победа од 3:0 во сетови или (25:11, 25:19, 25:12) над Македонија Џио, Универзитет Тетово со 3:0 го доби Скопје (25:16, 25:17, 25:19).

Работнички и Борец го одиграа најнеизвесниот меч откако истиот му припадна на гостинот со 2:3 по сетови (25:15, 16:25, 19:25, 25:20) (13:15).

Во однос на табелата Штип УГД е прв со максимални 12 бодови, Борец е втор со 11 бодови, трета е Шкендија која има девет бодови, Работнички е на 4. место со седум бодови, Струмица е петта со 6 бодов, но струмичани имаат одиграно само два натпревари (имаат два заостанати).

Универзитет Тетово има исто така шест бодови и се наоѓа на шесттото место со 6 бодови, Вардар е седми со пет бодови колку што има и Скопје кој е осми. Лирија има четири бодови за деветто место, Македонија Џио е десетта со три бодови, Сушево има еден бод и се наоѓа на 11-тото место, а пак екипите на Јанта Волеј (меч помалку) и Весна Пробиштип немаат бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!