Европско првенство 2026Прва лига

Данска демонстрира сила против Норвешка, Шведска убедлива но без полуфинале

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Ракометната репрезентација на Данска со моќна партија ја затвори главната фаза на Европското првенство, откако пред домашната публика во Хернинг убедливо ја совлада Норвешка со 38-24 и од првото место во групата обезбеди пласман во полуфиналето. Данците уште еднаш покажаа зошто важат за еден од главните фаворити за европското злато.

Иако Норвешка парираше во првото полувреме и на паузата заостануваше со прифатливи 19-16, продолжението мина целосно во знакот на избраниците на Јакобсен. Со агресивна одбрана и брз напад, Данска направи серија со која целосно го скрши отпорот на ривалот и дојде до убедлива двоцифрена победа. Гидсел и Јакобсен беа најефикасни со по седум погодоци, додека голманите Нилсен и Милер имаа значаен придонес со вкупно 14 одбрани. Кај Норвешка, најефикасни беа Педерсен и Грондал.

Со овој триумф Данска ја заврши групата со осум бодови, исто колку и Германија, но поради подобриот меѓусебен скор го освои првото место и закажа полуфинален дуел со Исланд.

Во вториот натпревар, Шведска со убедлив настап ја совлада Швајцарија со 34-21 и со победа ја заврши главната рунда, но триумфот немаше полуфинална тежина. „Трите круни“ лошо го отворија мечот и во првиот дел имаа негатива од четири гола, но финишираа со серија без примен погодок и на паузата заминаа со предност.


Во второто полувреме Швеѓаните целосно доминираа, го кренаа темпото и ја наполнија мрежата на Швајцарија, стигнувајќи и до двоцифрена разлика. Ерик Јохансон беше прв стрелец кај победникот, додека кај Швајцарците се истакна Лени Рубин.

И покрај убедливата победа, Шведска со седум бодови остана зад Исланд поради послаб меѓусебен дуел и ќе мора да се задоволи со борба за петтото место на Европското првенство.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Прва лигаФудбал

Тиквеш игра за Божидар: Приходот од билетите со Пелистер оди за лекување

Натпреварот меѓу ГФК Тиквеш и Пелистер кој ќе се одигра во рамки...

Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Каков зицер одбрани голманот Дејан Силјановски против Башкими!

Натпреварот меѓу Арсими и Башкими од 31. коло на Првата лига заврши...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!