Трета лигаФудбал

„Ќе биде хаос во Трета лига – Југозапад“ – најнеизвесно за бараж за Втора лига!

Сподели
ФОТО: ФК Света Троица 2021
Сподели

Ако во останатите третолигашки региони имаме појасна слика за тоа кои екипи ќе се борат за првото место кое води кон баражот за можен влез во Втора лига, во Трета лига – Југозапад ќе биде „вистинско хаос“.

Дури пет екипи имаат отворен пат кон баражот – од првото до петтото место само три бодови е разликата.

На врвот се израмнети двете струшки екипи – Караорман и Влазними со по 19 бодови, со тоа што тимот на Караорман кој пред две сезони испадна од второлигашкото друштво е на врвот.

Со по 17 бодови Кравари и Славеј од Мешеишта го делат третото место, па дури и Могила која е петта со 16 бодови влегува во овој круг на екипи кои ќе атакуваат на првото место.


Само три бодови е разликата, првото пролетно коло може веднаш да направи промени на табелата – една победа од петто место може да го однесе тимот на првото место, но и одбрано – пораз да го спушти лидерот на петтото место.

Трета лига – Југозапад дефинитивно ќе понуди најмногу возбуда и неизвесност, а треба да се спомни и дека овој регион е најмал со само десет екипи, а во пролетниот дел ќе настапат ќе продолжат со девет екипи, откако Велешта Јунајтед беше исклучена од понатамошно натпреварување.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!