Втора лигаФудбал

Метин Ќерими е ново засилување на Беласица

Сподели
ФОТО: ФК Беласица
Сподели

Второлигашот Беласица го промовираше Метин Ќерими како ново засилување за пролетниот дел од сезоната.

Станува збор за 23-годишен фудбалер кој во Струмица пристигна од редовите на Вардар Неготино каде настапуваше во есенскиот дел од сезоната. Ќерими е играч од средниот ред и треба да биде освежување за тимот на Панче Стојанов.

Низ својата кариера покрај за тимот од Неготино, беше дел и од прилепска Победа, Шкендија Арачиново, БВК Коњаре, настапуваше за некогашниот второлигаш Братство од Житоше, Воска Спорт од Охрид, Братство Влазними и Скопје.

Струмичани презимуваат на четвртото место на табелата, а пролетниот дел го отвараат на домашен терен против лидерот Охрид.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!