Ракомет

Ана Марија Коларовска го започнува првиот интернационален предизвик во Хрватска

Сподели
ФОТО: ЖРК Брод
Сподели

Македонската ракометна репрезентативка Ана Марија Коларовска во вториот дел од сезоната ќе направи важен чекор во кариерата и за првпат ќе настапува надвор од границите на Македонија. Досегашната членка на Металург Автокоманда постигна договор со хрватскиот суперлигаш Брод, каде што ќе има можност да се докаже на нова сцена.

Коларовска е родена на 18 август 2002 година во Скопје, а ракометните почетоци ги направи во школата на Вардар, каде што пет години го градеше својот талент. Потоа настапуваше за Спартак, а најдлабок траг остави во ЖРК Ѓорче Петров. Со „лавиците“ освои четири шампионски титули и два Купа на Македонија, а запиша и значајни резултати на европска сцена. Во ЕХФ Купот, тимот на Ѓорче Петров стигна меѓу осумте најдобри во Европа, а Коларовска се истакна како една од трите најефикасни стрелци во натпреварувањето.

Таа игра на сите бековски позиции и ги има поминато сите младински селекции на националниот тим, а денес е стандарден дел од сениорската репрезентација на Македонија. Во 2024 година настапи и на Европското првенство, со што дополнително го потврди својот квалитет на меѓународно ниво.


Во новата средина во Брод, Коларовска ќе биде втората македонска ракометарка во тимот, по голманката Драгана Петковска. Хрватскиот клуб ја претстави како младо, амбициозно и исклучително ефикасно засилување, од кое очекува значаен придонес во продолжението од сезоната.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!