Европско првенство 2026Ракомет

Хрватска преживеа унгарска драма, Германија ја симна Франција – познати сите полуфиналисти на ЕП

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Ракометната репрезентација на Хрватска и селекцијата на Германија се последните две екипи кои си обезбедија место меѓу четирите најдобри на Европското првенство, по возбудливите победи над Унгарија (27-25), односно Франција (38-34), во решавачките натпревари од главната фаза.

Во директната битка за полуфинале во групата 2, Хрватска по вистинска драма ја совлада Унгарија и како првопласирана обезбеди пласман понатаму. Унгарците беа подобар противник во поголем дел од првото полувреме и во неколку наврати имаа и четири гола предност, но „коцкестите“ успеаја да останат во приклучок и на пауза заминаа со прифатливи 15-13.

Слична слика се гледаше и на стартот од вториот дел, кога Унгарија повторно побегна на плус четири, но токму тогаш започна пресвртот. Хрватска трпеливо ја топеше разликата, израмни на 20-20, а во 47. минута за првпат на мечот поведе со 21-20. Следеше неизвесна завршница во која клучна улога одигра голманот Кузмановиќ со неколку врвни интервенции, додека Мандиќ и Шоштариќ беа прецизни кога беше најпотребно. Во самиот финиш, по унгарска грешка, Хрватска го запечати триумфот за големо славје и билет за полуфиналето.

Во вториот клучен дуел од вечерта, Германија со силно и ефикасно издание ја совлада Франција со 38-34 и стави крај на соништата на „триколорите“ за одбрана на европската титула. Германците го презедоа водството по израмнетиот почеток и со серија во средината на првото полувреме се одлепија, па на паузата имаа солидни 19-15.


Иако Франција се обиде да се врати во вториот дел и во неколку наврати ја намали разликата, „панцерите“ не дозволија пресврт. Јури Кнор одигра блескав натпревар и со двоцифрен број погодоци беше лидер во германскиот напад, додека клучни беа и одбраните во завршницата, кога Французите пропуштија шанса за целосно враќање во мечот.

Со овие резултати, полуфиналната четворка е комплетирана – Данска, Исланд, Хрватска и Германија ќе се борат за европската круна, а конечните двојки ќе бидат познати по завршувањето на последните натпревари од групната фаза.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!