Ракомет

ЖРК Вардар се засили со сестрите Ања и Мила Лашкоски

Сподели
ФОТО: ЖРК Вардар
Сподели

ЖРК Вардар продолжува со јасна стратегија на подмладување и квалитет, откако во својот состав ги ангажира сестрите близначки Ања и Мила Лашкоски, репрезентативки на Македонија кои пристигнуваат од редовите на Металург Автокоманда.

Двете 17-годишни ракометарки важат за едни од најталентираните во својата генерација и ќе бидат дел и од сениорскиот, но и од кадетскиот состав на „црвено-црните“, што ќе им овозможи континуиран развој и минутажа на повеќе нивоа.

Ања Лашкоски настапува на позицијата лево крило и веќе има значајно меѓународно искуство зад себе. Таа беше дел од кадетското и младинското Европско првенство, каде се истакна со својата зрелост во играта, двонасочен ангажман и прецизност, особено од линијата за седум метри. На континенталниот шампионат беше прогласена и за МВП на натпреварот против Романија.

Нејзината сестра Мила игра на позицијата пикер и исто така е стандарден член на младинските репрезентативни селекции на Македонија. Со нејзиното доаѓање, Вардар добива дополнителни решенија на кружната позиција, како кај сениорките, така и кај кадетките.


Ангажманот на сестрите Лашкоски, заедно со неодамнешното засилување Таида Беровиќ, значи дека голем дел од македонската кадетска репрезентација е веќе концентриран во Вардар, што јасно укажува на визијата на клубот – градење силен тим со домашен потенцијал и долгорочна перспектива.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!