Ракомет

Вардар подготвен за првиот предизвик на „Labin Handball Cup“

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Ракометарите на РК Вардар ги одработуваат последните подготовки пред настапот на меѓународниот турнир „Labin Handball Cup“, кој од петок (30.01.2026) до сабота ќе се одржи во хрватскиот град Лабин, а финалниот натпревар е закажан за последниот ден од турнирот.

„Црвено-црните“ ќе имаат можност да се одмерат со квалитетни противници, бидејќи покрај Вардар, на турнирот ќе учествуваат и РК Загреб и РК Сесвете од Хрватска, како и словенечкиот тим РК Слован Љубљана.

Првиот предизвик за вардарци е дуелот со РК Слован Љубљана, натпревар кој ќе се одигра во петок, 30 јануари, со почеток од 18:00 часот, во спортскиот центар „Франко Милета“ во Лабин.

Овој турнир претставува одлична можност за стручниот штаб да ја провери формата на екипата, да ротира состав и да ја темпира играта пред продолжението на сезоната, додека за играчите ќе биде значајно меѓународно искуство и тест против силни ривали.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!