Втора лигаФудбал

Големо засилување: Дарко Глишиќ нов фудбалер на Скопје во битката за Прва лига!

Сподели
ФОТО: ФК Скопје
Сподели

Второлигашот Скопје продолжува со сериозни засилување за вториот дел од сезоната, а во насока на остварување на целта – влез во Прва лига.

„Пиратите“ се посилни со искусниот Дарко Глишиќ кој во тимот од Автокоманда доаѓа од редовите на прволигашот Македонија ЃП, а кој всушност е повратник во тимот од Автокоманда.

Низ својата кариера во Македонија беше дел од Вардар, кичевски Напредок, Тетекс, Шкупи, Гостивар и последно за „лавовите“ од Ѓорче, а пак меѓународна кариера градеше во Босна и Херцеговина за екипата на Олимпик, во Грузија за Динамо Тбилиси, за бугарските екипи Септември Софија и Арда Крџали, а беше и во Кипар каде го носеше дресот на Докса Катокопијас.

34-годишниот Глишиќ игра како лев бек, а може и како лево крило и треба да биде големо засилување во тимот на Александар Таневски.


Претходно, Скопје се засили со искусниот голман Кристијан Наумовски, Бесмир Даци и Симеон Христов.

Скопје под „полна пареа“ се подготвува за пролетниот дел, а преку одигрување на пријателски натпревари, стратегот Таневски има јасна слика за тоа како оди подигањето на формата на неговиот тим, кој пролетниот дел го отвара како апсолутен фаворит против Слога во Виница.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!